Според неофицијални информации синоќа одекнала уште една експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак, на местото каде ноќта меѓу четвртокот и петокот изгоре магацинскиот простор на фабриката.
Српските медиуми објавија дека фабриката денеска требало повторно да почне со работа, но работниците утрово биле вратени дома.
Според безбедносните прописи, просторот повторно мора да биде проверен од стручни пиротехнички тимови, но тоа мора да биде направено 24 часа по последната експлозија. Кругот на фабриката е затворен за пристап и чуван од полицијата. Компанијата формираше комисија која ќе ги испита причините за пожарот кој изби во магацинот минатата недела.