Вести Свет

На брегот на Норвешка пронајдено тело на бебе, чие семејство се удавило во Ла Манш пред една година

Норвешката полиција пронашла тело на бебе кое исчезнало во Ла Манш минатата година.

Петнаесетмесечното момче Артин загинало, како и четворица членови на семејството, откако потонал бродот што ги превезувал од Франција до Велика Британија.

Курдско-иранското семејство се обидело да стигне до Велика Британија од Франција.

Телото на момчето ќе биде пренесено во Иран за да биде погребано.Телото било пронајдено на југозападниот брег на Норвешка во близина на Кармој на новогодишната ноќ.

„Експертите од Одделот за форензички науки при универзитетската болница во Осло беа во можност да ги пронајдат соодветните ДНК профили“, се вели во полициското соопштение.

Бродот потонал на 27 октомври минатата година. Расул Иран-Неџад (35), Шива Мохамад Панахи (35), Анита (9) и Армин (6) се удавиле.

Семејството потекнува од градот Сардашта во западен Иран, недалеку од границата со Ирак.

Други 15 мигранти биле пренесени во болница, а францускиот јавен обвинител отворил истрага за потонувањето на бродот.

Илјадници иранско-курдски бегалци ги ставаат своите животи и животите на нивните семејства во рацете на шверцерите со мигранти.

Курдското малцинство во Иран се соочува со политички прогон и економски проблеми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе