Ковид19 Свет

Германија воведува поригорозни контроли во центрите за тестирање за Ковид-19

Германија воведува построги инспекции во центрите за тестирање за Ковид-19 поради стравувањата дека некои приватни лаборатории, на кои државата им плаќа за секој тест, го зголемувале број на извршени тестови, јави ДПА, повикувајќи се на плановите на Министерството за здравство.

Операторите на таквите центри, што рапидно се појавуваат низ целата земја, вклучително и во барови, кафулиња и на други места, ќе бидат предмет на построги контроли и ќе можат да земат помалку пари за тестирање во иднина. Сомнежите за измама од големи размери се појавија по истрагите на некои места за брзи тестови.

Истрагата покажа дека дел од приватните лаборатории прикажувале дека извршиле повеќе тестови отколку што луѓето навистина се тестирале на соодветното место. Истрагата прво ја објавија јавните радија Ве-Де-Ер и Ен-Де-Ер како и весникот Зидојче цајтунг.

Обвинителството во Бохум соопшти дека се уапсени двајца мажи под сомнение за трговска измама.

Операторите на центрите за тестирање сега ќе можат да наплаќаат по осум евра за брзите тестови, а не како што беше досега, по 15 евра за давателите на медицински услуги и 12 евра за другите даватели на услуги. Германските државни и локални власти, меѓу другите мерки, исто така, ќе извршат проверки на самото место за да се осигурат дека се исполнети стандардите и центрите за тестирање се безбедни. Во Германија има речиси 15.000 места за тестирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе