Вакцината „Спутник В“, која од утре ќе се произведува во Србија, наменета е пред се за домашниот пазар, изјави денеска Ненад Поповиќ, министер задолжен за иновации и технолошки развој во Владата на Србија, додавајќи дека во првата фаза ќе се произведат четири милиони вакцини.
-Се разбира, Србија ќе им помогне на сите во регионот за почеток, но исто така и на другите во светот, изјави Поповиќ.
Тој додаде дека супстанца за производство на таа вакцина ќе пристигне денеска во Белград, а производството треба да започне утре.
-Тие се транспортираат во специјални контејнери на температура од два до осум Целзиусови степени, а по пристигнувањето на аеродромот„ Сурчин “ ќе одат во Институтот„ Торлак “. Таму сè е подготвено за производство, посочи Поповиќ.
Србија ќе стане првата земја во Европа што ја произведува вакцината Спутник В.
Во Србија, покрај руската „Спутник В“, се користат и кинеската вакцина „Синофарм“, британската Астра Зенека и американско-германската Фајзер/ Бионтек.