Македонија Најважни

Пратеници во скафандери и здравствени протоколи

Собранието во ноември од Министерството за здравство побарало да може пратеници кои се во домашна самоизолација да можат да присуствуваат на собраниска седница и да го остварат своето право за гласање. Ова е објаснувањето на првиот човек на собранието, Талата Џафери зошто двајца пратеници во скафандери денеска пристигнаа во Собрание за да обезбедат кворум за работа на Собранието.

Но во дополнувањето на протоколот побаран од страна на Собранието во ноември не се бара тие да немаат симптоматологија на Ковид-19 барем.

„Овој протокол се однесува на оние пратеници кои се во домашна самоизолација, а немаат симптоматологија поврзана со Ковид -19 кои под посебни услови и превентивни мерки може да присуствуваат на собраниска седница во една од постојните кабини во Големата сала“, се наведува во барањето.

Токму ова ја проблематизира законитоста на присуството на двајца пратеници, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мирослав Богдановски, потврдени позитивни на Ковид – 19, особено по прашањето кој утврдува дали имаат симптоматологија на корона вирус или не и на кој начин, каде освен дека им се мери температира на влез во Собранието, не се споменува ниту инфекторлог, ниту дозвола од Комисија за заразни болести, со што пак владеачката СДСМ денеска го објаснуваше присуството на нивните сопартијци позитивни на вирусот во Собранието.

Телма побара одговор и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за присиство на двајцата пратеници денеска во Собранието, на што од таму одговорија дека Собранието имало протоколот, но без детали за самиот протокол.

„Собранието на РС Македонија има донесено протоколи кои Комисијата за заштита на населенито од заразни болести ги има одобрено, а ДСЗИ ќе постапува во рамките на своите надлежности“, се наведува во одговорот од ДСЗИ.

И од владата не даваат повеќе датали за протоколот упатувајќи за тоа на Собранието и на Комисијата за заразни болести.

  • „Станува збор за протокол изработен од Собранието, а одобрен од Комисијата за заразни болести, институција која е стручна и надлежна во областа на епидемиологијата за конкретниот протокол Ве упатуваме до Собранието“, стои во одговорот од Владата за Телма.

Прашања беа доставени и до МВР дали пратениците со Ковид-19 кои присуствуваат на Седница на Собранието побарале дозвола или најавиле напуштање на домот и дали е тоа одобрено од МВР, но и како ќе постапи МВР доколку со нивното присуство во собранието се кршат протоколите за заштита на насленеито од заразни болести, нодо сега одговор од таму не добивме.

Инаку непостапување според здравствените прописи и протоколи во време на  пандемија според член 205 и 206 од Кривичниот закон се казнува со парична казна или со затвор до една година. Во изминатата гогина, колку што трае пандемијата и се на сила протоколите за изолација и самоизолациија поради коронавирус на илјадници граѓани полиција им ѕаѕвони на врата за да ги провери дали го почитуваат тоа, а оние кои беа фатени дека не ги почитуваат мерките им беа изречени парични казни високи и по 2.000 евра.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Локалните избори ќе ја покажат нaшата моќ

Дејан Дејан

Мицкоски не негира дека се преговара зад затворени врати, допрва ќе одлучува за наследникот на Таравари во Здравство

Дејан Дејан

ДУИ: Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот на национализам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе