Вести Македонија Топ вести

Притвор за шестемина приведени во акцијата на МВР и ДЕА

Шестемина приведени во акцијата на МВР и ДЕА, во која беа запленети 200 килограми марихуана, завршија во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Судот го прифатил барањето на Обвинителството за одредување 30-дневен притвор.

Вчера полицијата влегла во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, кои МВР ги поврзува со Александар Ушилковски, второ-осомничен за трговијата со дрога. Првичните претпоставки се дека марихуната тргнала од таму, а требало да заврши на нарко-пазарот во Грција. Покрај Ушилковски, уапсени се и командирот на прилепската полициска станица Кире Спиркоски, организаторот на групата и нејзини членови од Куманово, Битола и од Струмица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе