Македонија

13 години затвор за Насер Ештрефи, убиецот на Ангел Петковски

Тринаесет години затвор за убиецот на матурантот Ангел Петковски. Ваква казна досуди денеска судот против Насер Ештрефи за случајот со убиството во Ѓорче Петров во 2014 тата година.

На судот му било многу тешко да ја донесе оваа одлука, бидејќи се работи за два млади животи, рече во објаснувањето судијката Дијана Груевска Илиевска.

Пресудата доаѓа откако Врховниот суд ја укина 14 годишната казна затвор и побара реконструкција на настанот, по што сега казната е намалена за 1 година.

Убиството се случи близу oчната клиника во Ѓорче Петров, откако Ештрефи го украл велосипедот на Ангел, по што настанала бркотница во која учествувал и таткото на Ангел.

Ангел беше прободен со нож, а снимки од последните мигови живот беа доказ во постапката, бидејки снимале видео камерите на болницата.

За родителите на Ангел колкава и да е казната нема да го пополни одсуството на нивниот син.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе