Македонија

Околу 2000 граѓани чекаат одговор за државјанство од Агенцијата за национална безбедност

Во моментов 2000 граѓани го чекаат одговорот за државјанство од Агенцијата за национална безбедност.

Меѓу нив е и Енвер Идризи светски шампион во карете кој се натпреварувал за Македонија и по него се насловени две сали и една улица во Скопје која го носи неговото име.

До денес тој нема државјанство. За Лирим Дулови ваквите примери се само уште една потврда за  парадоксалнососта и апсурдноста на политичката сцена кај нас.

“Крајно време е партиите најсериозно да го сфатат овој проблем и да го решат во согласност со меѓународните конвенции кои сме ги потпишале како држава и кои ги кршиме свесни. Се работи за наши луѓе родени во државата на кои Македонија им го има одземено правото на државјанство, правото на живот, правото да постојат. На ова мора да се стави крај. Сега, еднаш и засекогаш” – вели Лирим Дулови од КОХА.

Ситуацијата е алармантна доколку се земе предвид и состојбата со Ковид 19 и можноста за вакцинација, смета Смаиловиќ

“Единствено стои дека тие се одбиени и дека претставуваат опасност по безбедноста на РСМ и вие такво решение не можете да го обжалите, немате докази да понудите дека не сте опасност како МВР ја дефинира опасноста и тие решенија не се опжалуваат”, вели Мерсиха Смаиловиќ.

За пратеникот Рубин Земон државјанство е однос на граѓанинот со државата и двете страни имаат свои права и должности и мора да се изнајде начин тоа да се регулира со подобрување на законот за државјанство.

“Дебата јавна мора да се отвори во Собранието, дури и да се наложи да се направи една постевалуација на Законот за државјанство , ова што кажуваше Мерсиха. Ние немаме постевалуација и менуваме закони ад хок без подетална анализа без да се чуе невладиниот сектор и институциите” – оценува пратеникот Рубин Земон.

Во изминатиов период Алијанса на Албанците и Алетернатива поднесоа предлог закон за државјанство со кое бараат државјанство да може да се стекне со изјави на тројца сведоци, што за останатите не беше прифатливо.

Тоа беше и причината овие партии да ги блокираат со илјадници амандмани законите во Собрание.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе