Македонските камионџии го блокираа граничниот премин Богородица- Евзони. Револтирани од рестрикциите за влез во земјата што ги наметна грчката влада, десетици камиони застанаа на преминот Богородица, во непосредна близина на казино-хотелот Фламинго.
Од СИЗ Америт порачаа дека денешниот четиричасовен протест е предупредување, и на него ќе се донесат одлуки за понатамошно делување.
Протестот е поддржан и од грчката асоцијација на транспортери ОФАЕ.
Бараат преминот Евзони да работи 24/7.
Потоа целосно или делумно отворање на премините Дојрани и Меџитлија.
Мерење на телесна температура на возачите, а тест само ако се укаже потреба.
Протестот започна во 15 и ќе трае до 19 часот.