Уште пет слободни кревети на инфективното одделение и во модуларниот објект во болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар. Расте бројот на пациенти со ковид 19 кои поради компликации, имаат потреба од хоспитализација. Коронавирусот со зголемен интензитет се шири меѓу населението во овој регион.
Во болницата најмладиот пациент со пневмонија предизвикана од коронавирус е на возраст од 24 години. Лекарското искуство покажува дека новиот корона бран силно ја погодува помладата популација.
Врз медицинскиот персонал паѓа голем товар, а со оглед дека нема доволно инфектолози во лекувањето се ангажирани интернисти, како и специјализанти.
Бројот на активно болни во гостиварскиот регион, заедно со општините Врапчиште и Маврово Ростуше за кратко време достигна речиси 400.
Данијела Билбилоска