Ковид19 Македонија

Аларманта е состојбата со ширењето на коронавирусот во Гостивар

Уште пет слободни кревети на инфективното одделение и во модуларниот објект во болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар. Расте бројот на пациенти со ковид 19 кои поради компликации, имаат потреба од хоспитализација. Коронавирусот со зголемен интензитет се шири меѓу населението во овој регион.

Во болницата најмладиот пациент со пневмонија предизвикана од коронавирус е на возраст од 24 години. Лекарското искуство покажува дека новиот корона бран силно ја погодува помладата популација.

Врз медицинскиот персонал паѓа голем товар, а со оглед дека нема доволно инфектолози во лекувањето се ангажирани интернисти, како и специјализанти.

Бројот на активно болни во гостиварскиот регион, заедно со  општините Врапчиште и Маврово Ростуше за кратко време достигна речиси 400.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе