Намален е интензитетот со кој се вакцинираат здравствените работници во поликлиниката Јане Сандански. Од утрово таму се вакцинираат вработени во Градската болница со последните вакцини од првата доза на руската Спутник В.
Втората доза од оваа вакцина со која истите 3 000 медицинари ќе треба да се ревакцинираат ќе пристигне наредната недела, потврди премиерот Заев. Според информациите на Телма термини се закажани од 4 – 9 април. Инаку според раководство на Јане Сандански листите кои ги добиваат во последниве денови за ревакцинација се покуси од претходно и тврдат дека вакцинација ќе се одвива најмногу до петок.
До вчера од 3000 дози 2700 беа потрошени а во просек се вакцинираат 200 – 300 луѓе. До вчера пак од вакцините Фајзер примиле 2500 медицински лица, а уште 1.500 лекари и сестри деновиве ќе ја примат втората доза.