Присуство на британскиот сој на вирусот е детектиран во лабораторијата на МАНУ и кај сопругот од битолскиот брачен пар кој се зарази на патување во Занзибар, Африка, потврдија попладнево од Минситерсовот за здравство. Кај неговата сопруга британската мутација беше потврдена вчера, со што ова се првите два случаи со овој сој на вирусот во Битола.
Но оваа мутација која е неколккратно позарзна и има моќ брзо да се шири, не ги вознемири многу младите битолчaни. Денеска на пладне кaфетериите беа исполенти до последно место, а голема раздвиженост имаше и низ битолски Широк Сокак, каде, сепал повеќето од граѓаните носеа маски. Повозрaсните веќе се загрижени од новонастанатата ситуација.
-Ние се чуваме постарите, младитесе без маски. Не загрижува, ова е неверојатно, чудно е што не се чуваат сите доволно. Кафулињата се преполни, без маски. Не е во ред да се патува, од таму се носта овие вируси, сами треба да си водиме сметка, велат анкетираните битолачни.
Брачниот пар се врати од Занзибар минатиот петок. Сопругата со симптоми веднаш била префрлена во болницата „8 Септември“ во Скопје, каде била тестирана. Сопругот, пак, од понеделникот е хоспитализарна во болнцата за нефрологија во Струга.
Бил тестиран во Битола, но од Центарот за јавно здравје нема информација дали тој имал контакти и дали е некој ставен во изолација. Градоначалничката Петровска која раководи и со локалниот Кризен штаб, вели дека ситуација се следи, во моментот нема простор за паника, но треба да сме претпазливи.
-Постојано сум во контакт со менаџерите на сите здравстевни институции, нема простор за паника, но уште од почетокот на пандемијата велев дека треба да бидеме претпазливи. Деновиве сме сведоци дека сепак човечкиот фактор е маногу значаен и одговорноста на секој граѓанин е важна. И покрај тоа што велам дека немаме некој кризна ситуација упатувам апел да водиме сметка сите, затоа што работите можат да се променат на дневна основа со мало невнимание. Ова зависи од сите нас, и од властите кои треба да се одговорни, да укаѓуваат мерките да се запазуваат, но и од одност на сите нас , изјави Петровска.
Во Битола бројот на заболени изминатиот период не беше голем, но само во претходните три дена се регистриани над 60 позтивни на вирусот, а активни се над 200 слуачи.
Емилија Мисирлиевска