Свет

Земјотрес од 5,9 Рихтери во Грција

Според информации на грчкиот „Екатимерини“ нов потрес имал јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, во реонот на Лариса, според ревидираната проценка на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Потресот беше почувствуван и во соседните земји.

Епицентарот бил на 16 километри југозападно од Еласона, во пошироката област Тирнавос, каде земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го потресе регионот вчера, среда.

Длабочина се проценува на 10 км.

Надвор од Тесалија, новиот земјотрес се почувствува во Ахаја, но и во Атика.

Вчера жителите на Лариса беа вознемирени од силен потрес кој предизвика само материјална штета на постарите објекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе