Ковид19 Свет

СЗО ќе препорача пребарување на контактите на десет трговци на пазарот за морска храна во Вухан

Прелиминарниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот ќе препорача пообемно пребарување на контактите на првиот познат пациент заболен од Ковид-19 во Вухан, Кина, како и синџирот на снабдување на речиси десет трговци на пазарот за морска храна во Вухан, за кои се смета дека имаат улога во раното ширење на коронавирусот кон крајот на 2019 година.

Како што изјавија за Си Ен Ен истражителите запознати со предлог-извештајот, на кинеските научници им биле потребни многу месеци за да ги извршат почетните истражувања за потеклото на вирусот.

Тие сметаат дека е изненадувачки и неверојатно што кинеските научници не ја завршиле веќе таа работа.

Препораките на комисијата ќе се осврнат, меѓу другото, на две клучни линии на истрага, велат истражителите, запознаени со прелиминарниот извештај.

Прво ќе побараат натамошна работа околу историјата на контакти на пациентот од Вухан, кој се разболе на 8 декември 2019 година, што е прв случај, кого кинеските научници и панелот на СЗО го наведоа дека се разболел од Ковид-19.

Идентитетот на пациентот не е јавно откриен, но според истражителите на СЗО, станува збор за канцелариски работник на 40-годишна возраст, кој не патувал на егзотични дестинации или имал историја на контакти, а живеел со сопругата и детето.

Во прелиминарниот извештај што ќе биде презентиран следната недела, СЗО исто така ќе препорача непосредна истрага за синџирот на снабдување со морска храна во Хуанан, велат истражувачите запознаени со предлог-документот.

Шефот на мисијата на СЗО Питер Бен Ембарек одби да ги коментира деталите за кое било натамошно пребарување или тестирање на контактите кои се потребни.

Тој за Си Ен Ен изјави дека се потребни дополнителни истражувања.

Други научници изразија изненадување, па дури и неверување дека Кина очевидно не извршила натамошни истраги, како за историјата на контакти на првиот пациент, така и за синџирот на снабдување на пазарот во Хуанан, кои биле побарани од СЗО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Рубио: Мирот во Украина зависи од директна средба меѓу Трамп и Путин

Дејан Дејан

Состаноци наместо преговори во Истанбул – прво Турција, САД и Украина, а потоа Турција, Русија и Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе