Во најновиот ковид билтен осум нови жртви, 314 новозаразени и 210 оздравени луѓе.
Од 2.161 тестирани, вирусот е потврден кај 314 пациенти. Најмногу во Скопје 179. Втор на листата со најмногу случаи е Каварадци со 17, веднаш зад него Прилеп со 16, Велес 12, Охрид 11 и Тетово 10 нови случаи. Во другите градови бројките се едноцифрени.
Од починатите по двајца се од Куманови и од Охрид, а по еден случај регистрира и Скопје, Велес, Струмица и Берово. Сите починале во болнички услови. Во моментов вкупниот број на починати е 2.908, а бројот на активни случаи е 7.654.