Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи позитивни на коронавирусот. Пријавени се вкупно 7 починати лица и 638 оздравени пациенти.
Од починатите седум лица, 2 пациенти се од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Од новозаразените 373, од Скопје се 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга – 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 638 оздравени пациенти од:
Скопје – 328, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар – 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола – по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1