Вести Македонија Најважни

Филипче: Прва треба да пристигне вакцината од Кина

Не се знае точно кога, но кинеските вакцини ќе бидат приви кои ќе пристигнат во земјава, изјави министерот за здравство Венко Филипче.  Очекува тоа да се случи до крајот на месец февруари.

„Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат киенските вакцини и ние пактично целосниот процес на имунизација и веќе спремниот систем ќе започнеме со тие вакцини. Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме“, рече Филипче.

Тој додаде дека станува збор за 200.000 вакцини и се очекува да пристигнат до крајот на месецот. Потенцираше, дека не се започнати преговори за набавка на руската вакцина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе