Вести Македонија Најважни

Вакцината на АстраЗенека прва ќе стигне преку Ковакс механизмот во март

Вакцината од АстраЗенека ќе ја сочинува првата количина која земјава ќе ја добие преку Ковакс системот, која е планирано да пристигне во март годинава. Министерството за здравство вчера информира дека Ковакс системот преку допис ги соопштил деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја.

Системот, како што потенцираат од Министерството за здравство е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку Ковакс механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои Република Северна Македонија треба да ги добие. За таа цел во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата, се наведува во соопштението.

Премиерот Заев изјави дека  во текот на февруари во земјава треба да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните, а првите ќе бидат вакцината на „Фајзер“ и вакцината на „Синофарм“.

Земјава, потенцираат од Министерството за здравство, има развиена безбедна и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем. За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување соодветни ладилници.

Според дописот за земјава се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

 

Од Фајзер вакцините, како што навеле од Ковакс, во првиот бран на достава се вклучени 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19 и оти другите ќе бидат вклучени во идните фази на дистрибуција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе