Најстрога казна за обвинетите, побара Дафинка Ивановска, адвокат на семејството на убиениот Кире Тричковски во случајот Монструм.
Ивановска во своите завршни зборови рече и дека обвинетите со умисла го сториле делото на 12.04.2012 година.
Адвокатот Насер Рауфи кој застапува дел од обвинетите во завршни зборови истакна дека е убеден оти овој случај е исконструиран. Ги оспори доказите на обвинителството и самото обвинение. Рауфи рече и дека е разочаран затоа што обвинителката Фатиме Фетаи побарала најстроги за обвинетите.
Додека во судницата се одржува рочиштето, околу зградата на Основниот кривичен суд во Скопје може да се забележи и засилено полициско обезбедување
Случајот во јавноста познат како „Монструм“ се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. На самото место беа убиени четири момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево. Обдукцијата покажа дека во нив е пукано од три типа огнено оружје.