Ковид19 Најважни Свет

ЕУ предупреди дека ќе воведе забрана за извоз на вакцини

Сомнежот кај јавноста за вакцините против Ковид-19 брзо опаѓа додека во исто време побарувачката за истите рапидно се зголемува, покажува новата анкета на Ипсос МОРИ објавена на почетокот на Светскиот економски форум. Промената на јавното мислење започнала да се забележува уште во декември, кога голем број држави ги стартуваа своите програми за вакцинирање, посочува агенцијата, но додава дека и покрај позитивниот тренд, довербата се уште е проблем.

Социјалните медиуми навистина имаат клучна улога во ова затоа што ако сте загрижени за вакцината или пак сте подложни на конспиративни теории, забележавме дека тоа е далеку поприсутно кај луѓето кои користат платформи како Јутјуб и Фејсбук за добивањето на своите вести. Има многу силна поврзаност меѓу верувањето дека има проблеми или дури и конспиративни теории, со голема употреба на социјалните медиуми, изјави Бен Пејџ, извршен директор на Ипсос МОРИ.

Но и покрај ветувачкиот почеток Европа во моментов се соочува со огромен недостиг на вакцини. Земји како Германија беа принудени да го запрат вакцинирањето во одредени региони затоа што испораката на вакцини запре поради проблеми во производството и кај двата производители, Фајзер-Бионтек и АстраЗенека.

Но вистината е ова: Вакцинацијата брзо станува вистински проблем, проблем затоа што вакцината едноставно ја нема. Се одвива многу побавно отколку што би можело и исто така се претвара во психолошки товар, посочи гувернерот на Баварија Маркус Содер.

Поради тоа ЕУ денеска ги предупреди производителите дека мораат да ги испорачаат договорените количини или во спротивност ќе биде воведена забрана за извоз на вакцини произведени во Европа. Унијата инвестираше 2,7 милијарди евра да го помогне развојот на вакцина против Ковид-19 и ги повика компаниите на поголема транспарентност.

ЕУ и другите помогнаа со пари, големи суми на пари беа инвестирани за порано да се изградат истражувачки капацитети и пороизводствени капацитети. Европа инвестираше милијарди да помогне во развојот на првата вакцина против Ковид-19 во светот и да се создаде едно вистинско светско добро. И сега компаниите мораат да испорачаат, порача претседатседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен.

Објавата на АстраЗенека дека нема да може да ги испорача договорените количини на вакцини беше дополнителен удар за Европа откако минатата недела и Фајзер Бионтек објави дека во наредните недели производството ќе биде значително намалено поради проширување на производствените капацитети во Белгија.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе