Вести Најважни Свет

ЕУ си ги бара вакцините кои однапред ги плати

Исплашена од новиот вид на короноварисут кој од Велика Британија почна сериозно да се шири и низ цела Европа, ЕУ го зголемува притисокот врз фармацевтските компании со кои има потпишано договор да ги достават навреме вакцините кои се платени.

Дел од земјите членки обвинуваат дека третиземји ги киднапирале вакцините, плаќајќи многу поголема сума за нив.  Покрај Фајзер кој најави дека ќе доцни со испораката, и британско-шведската компанија Астра Зенека соопшти дека нема да успее да ја достави купената доза. Ова дополнително го вознемири Брисел, најмногу поради фактот што унијата уште во август плати за да го резервира производствениот капацитет од 300 милиони вакцини. А со овие пари „АстраЗенека“го заврши своето научно развивање на вакцините. Првиот човек на ЕК, Урсула фон дер Лајен утринава во телефонски разговор го потсетила директорот на Астра Зенека да не заборави кој прв треба да ги добие вакцините.

Јасно стави до знаење дека очекува Астра Зенека да ги исполни догворените аранжмани предвидени со авансниот купопродажен договор. го потсети г-дин Сориот дека ЕУ инвестираше значајни износи однапред во компанијата, за да се осигура дека производството ќе се зголеми, пред Европската агенција за лекови да ја одобри за пазарот, изјави Ерик Мамер, портпарол на ЕК. 

Италија веќе се одлучи да ги тужи Фајзер за непочитување на договореното. Но, големи се шансите земјите членки на ЕУ да излезат со заедничка тужба против Фајзер и Астразенека. Сепак, нема да се прават нови договори со производителите за да им се понуди повисока цена, како што тоа го сторија некои земји.

Ако имате договор кој сте го испреговарале и сте вложиле во истражување, и плаќате не мала сума за доза, не гледам логична причина сега сами да нудите повеќе да платите, а тој кој презел не го исполнува договорот. Веројатно тие би требало да ни плаќаат некои пенали на нас, а не обратно, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. 

Правилната распределба на вакцините и за трети земји е тема на денешниот состанок на министрите за надворешни на ЕУ. Брисел одамна одвои речиси три милијарди евра – но вакцините доцнат. Ги нема за земјите членки, а уште помалку за земјите од Западен Балкан. Во меѓувреме,  беснее и новиот вид на вирусот. И затоа Европа размислува да ги заостри мерките.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе