Македонија Топ вести

In Memoriam: Почина Бранка Станковска, легендарната спикерка на РТВ Скопје

Доајенот на македонското спикерство, Бранка Станковска, жена со чиј глас пораснаа генерации гледачи на РТВ Скопје, каде таа беше првата спикерка и водителка на вестите. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5-ти јуни 1964 година е почетокот на ТВ Скопје, емитувана преку сопствена телевизиска мрежа.

На 14-ти декември, Станковска ги читала и вестите на првиот телевизиски “Весник”, кој го означил почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Веста за смртта на Бранка Станковска на Фејсбук ја соопшти нејзината внука Ирина Костовска, која емотивно се прости од својата баба.

“Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сеуште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!” – напиша Ирина Костовска.

Телевизија Телма изразува сочувство до семејството на Бранка Станковска, од зградата каде таа и ја почна својата навистина легендарна кариера.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе