Вести Свет

Ќе воведе ли ЕУ „ковид пасоши“?

Лидерите на ЕУ вечерва на онлајн самит ќе разговараат за епидемиолошката состојба во Европа и усогласувањето на мерките за борба против пандемијата, а една од темите може да биде идејата на грчкиот премиер Мицотакис да се воведе „ковид пасош“ за кој членките на ЕУ имаат различни ставови.

Ова е предлог на Грција за да се заштити туризмот оваа година. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека тоа може да се реши со комбинација на сертификати за вакцинација и негативни тестови за ПЦР, за оние кои не биле вакцинирани.

Романија веќе го отфрли предлогот на Мицотакис, велејќи дека „не е добро да се подели Европа на два дела“.

На денешниот состанок, се очекува и некои други членки на ЕУ да изразат несогласување за таквиот предлог, како на Пример, Франција, во која има голем број скептици за вакцината. Една од земјите која го одобрува ковид-пасошот е Данска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе