Србија сака да помогне ама македонија ја нема регистрирано Фајзер вакцината. Ваквата изјава на премиерката на србија Ана Брнабиќ го отвори прашањето дали воопшто може да се примат и донациите од соседите во земјава но и како ќе се набавува вакцина која не е регистрирана.
Според изјавата во утринска емисија Србија сега и помага на земјава и да ги регистрира вакцините како лекови тука.
“Ако не се регистрирани тогаш практично не може ни да се вакцинираат во Северна Македонија. Дури и понудивме додека тоа не се заврши, тој процес на регистрација, нивните лекари бидејќи се разбира приоритетна група се лекарите во црвената ковид зона да дојдат да се вакцинираат” – вели Брнабиќ.
Не е само да се купи вакцината, да дојде во вашата земја туку зад завесата постојат милиони некои работи административни, регулаторни на кои вие можете да работите таа вакцина да може да се даде во една земја.
И регистрација од страна на релевантна агенција, во нашиот случај Агенцијата за лекови и медицински сретства и план за вакцинација и начинот на кој ќе дојдете до луѓето.
За да се внесе еден лек во земјава мора агенцијата за лекови да го регистрира но тука треба да има преставништво.
Компанијата произведувач Фајзер пак инсистирала директно од неа да се набавуваат па поради ова Министерот за здравство вели дека ќе мора да се менува законот.
Но вели за со Србија проблем нема бидејки тоа ке оди како интервентна набавка.
Инаку Србија беше првата земја во Европа која започна со вакцинација на населението уште пред нова година.
Таму веке започна и масовната вакцинација на населението, а денеска медиумите јавуваат за гужва пред прунктовите за вакцинирање.
Србија во знак на солидарност се понуди да донира 8 илјади вакцини на Фајзер за Македонија. Кога точно ке се преземат овие вакцини нема конкретен одговор од нашите власти.
Билјана Николовска