Најважни Свет

Џо Бајден положи заклетва како 46. американски претседател

Со раката положена врз 127 години стара Библија што ја држеше неговата сопруга Џил,а пред претседателот на Врховниот суд на САД, новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД.

На церемонијата, прва заклетва даде новоизбраната потпретседателка Камала Харис, првата обоена и првата жена потпретседател на САД во нејзината историја.

Претходно, церемонијата на инаугурција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Денес ја славиме првата потпретседателка Камала Харис. Денес се е можно”, рече сенаторката Клобучар, која го најави следниот говорник, како што кажа, нејзиниот драг колега сенатарот Рој Блант.

По двајцата сенатори на говорницата застана и молитва прочита свештенеикот Рој О’Донован, кој порача дека „денеска ги признаваме своите минати гревови и се обврзуваме да се грижиме едни за други, особено за оние на кои им е најтешко“.

Американската химна ја испеа Лејди Гага, инаку, блиска пријателка на новиот претседател на САД.

Денешната церемонија следеше по хаотичниот изборен процес во земјата, која е сериозно поделена од неоснованите обвинувања од досегашниот претседател Доналд Трамп за изборни измами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Зеленски: Русија продолжува со нападите пред очекуваните разговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе