Македонија Најважни

Политичките преговори со Бугарија на стенд-бај до завршување на изборите таму

Се уште нема заеднички акциски план со Бугарија, но премиерот Зоран Заев очекува таков документ да биде усогласен и усвон на првата меѓувладината конференција меѓу двете земји. Ова е објаснувањето на премиерот откако пред два дена рече дека официјалните преговорите со Бугарија се завршени и следува процес на реализација на акцискиот план што отвори дилема дали документот меѓу двете земји е веќе усогласен и што тој содржи, доколку се знае дека бугарскиот предлог за акцискиот план содржи и барања поврзани со македонската нација и јазик.

„Акцискиот план се адресира на транспортот, изградбата на инфраструктурата, граничните премини, гасната мрежа, железниците, патиштата, со тоа што подобро не поврзува со Бугарија. Тоа е акциски план за секторска основа каде што треба да ги зголемуваме соработките“, рече Заев.

Но освен технички прашања за побрза реализација на Договорот за добрососедство, премиерот денеска потврди дека бугарскиот акциски план содржи и политички барања.

„Во последниот допис има и политички дел за кои зборуваше и претседателот  Пендаровски, секако таму каде што има било какви коментари, а задираат во македонскиот идентитет и македонски јазик, апсолутно не разговараме. Така да, за Македонци и македонскиот јазик, за идентитетските прашања, нашата национална посебност, апсолутно не разговараме. Нашите ставови се јасни“, рече Заев.

Она за што може да се разговара и за што ќе се разменуваат идеи во политичкиот дел, но по изборите во Бугарија, вели Заев, е кратката или долгата употреба на нашето Уставно име, иако тоа е веќе регуларано со Договорот од Преспа, потоа за прашање на регулирање на малцинствата, на што пак постојано инсистира Бугарија, иако и ова прашање е веќе регулирано со измените на Уставот по Преспанскиот договор со кои земјава се обврза дека нема да се меша суверените права и внатрешните работи на другите земји. Во политичките прашања за кои меѓу другите може да се разговара се и говорот на омраза, но и работењето на комисиите.

И додека политичките преговори од македонска страна се оставаат за стенд-бај додека не поминат изборите во Бугарија, од Софија во пресрет на изборите стигна нова порака до земјава и тоа од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, член на опозициската социјалистичка партија. Според неа постојат само две опции за Бугарија да даде зелено светло за преговарачката рамка за Македонија и тоа речиси идентични –  бугарските барања да влезат во преговарачката рамка за Макеоднија или како посебно поглавје за спроведување на Договоро за добрососедство или да влезат генерално во рамката за почитување на Договорот. Јотова сепак во изјавата потврдува дека по прашањето на Македонија немало ниту една земја членка на ЕУ која го поддржала бугарскиот став.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе