Ковид19 Македонија

Намален бројот на новозаболени, а зголем на оздравени и починати од Ковид- 19

Во периодот од 11 до 17 јануари за присуство на корона вирусот се тестирани 14111 материјали во лабораториите кои вршат молекуларно и антигенско тестирање. Тоа е за 8, 4 % повеќе во однос на минатата недела, стои во најновиот  неделен извештај на Институтот за јавно здравје. Бројот на новорегистрирани позитивни пациенти е 2397 во сите 34 градови во државата, што е намалување за 3% во однос на минатата недела. Најголем број регистрирани случаи има во Скопје- вкупно 1089 или 45, 4%, со неделна зачестеност или инциденца од 176, 3 на 100 илјади жители. Највисока неделна инциденца од 238,5 е регистрирана во Ресен, се вели во извештајот.

Процентот на позитивни од тестирани, се движи од 11 до 19%. Просечно 16%, што претставува намалување од 3% споредено со минатата недела, стои во извештајот.

Заболени со Ковид -19 има од сите возрасни групи. Најмногу се на возраст над 60  години- вкупно 631 или 26, 3%. Голем број заболени има и во групата од 40 до 49 години- вкупно 446. На возраст од 30 до 39 години се заболени 442 пациенти, од 50 до 59 години се вкупно 403, а од 20 до 29 години се заболени 352 лица. Најмал број инфицирани со корона вирус е регистриран кај децата до 9 години- вкупно 31, а  во групата од 10 до 19 години – 112 заболени .

Од 11 до 17 јануари се пријавени 79 починати од Ковид- 19, од 23 градови во Македонија , што е зголемување од 6, 8 % во однос на минатата недела. Најголем број од починатите се на возраст над 60 години-вкупно 62 лица, од 50 до 59 години починале 13 лица, од 40 до 49 годишна возраст -3 лица, а 1 лица починало во возрасната група од 30 до 39 години. Зголемен е бројот и на оздравени, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

По добиените 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Тоа е за 29, 7% повеќе споредено со минатата недела.

Од Министерството за здравство велат дека првите вакцини против Ковид -19 се очекува да пристигнат од Србија во Македонија во текот на овој месец и веднаш ќе започне имунизацијата на предвидените приоритетни групи. Договорени се 8 илјади дози вакцини од прозиводителот Фајзер, додаваат од ресорот Здравство. Министерот Филипче ќе биде првиот функционер што ќе биде вакциниран, како и членовите на Комисијата за заразни болести, рече премиерот Заев. Тој потврди дека ќе се вакцинира , но потенцира дека нема да им го земе редот на приоритетните групи здравствени работници и граѓани.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе