Македонија

Екс советникот на Чулев кој на изборите нападна колега признал вина и доби условна казна

Зоран Ѓорѓиевски кој му беше советник на поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев доби условна пресуда за нападот на колега на денот на изборите на 15 јули во Тетово. Признал вина а бил и неосудуван поради што поминал со поблага, алтернативна мерка, 2 години затвор кои нема да ги одлежи доколку 5 години не стори кривично дело, потврдуваат од Кривичниот суд за Телма. Ѓорѓиевски одговараше за насилство за кое е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години а поради овој инцидентот на изборниот ден се водеше и дисциплинска постапка во МВР против него, која заврши со решение за отказ во септември.

Дисциплинската комисија констатирала дека државниот советник Ѓорѓиевски на денот кога се одржаа предвремените парламентарни избори,  отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода во Тетово, каде што се наоѓале командирот Зоранчо Талевски и уште двајца полицајци. Со навреди и пцовки се нафрлил врз командирот и се обидел физички да го нападне колегата.

Но покрај одговорноста на работното место Ѓорѓиевски заработи и кривична пријава а обвинителтвото го гонеше за насилство, односно дека го навредувал и му нанел телесни повреди на колегата.

Предметот го  водеше специјализираното одделение за гонење на полицајци при обвинителството за организиран криминал, поради што судењето се одвиваше во Кривичниот суд во Скопје надлежен за овие предмети.

Инцидентот одекна уште на денот на изборите бидејки во јавноста се појави снимка направена од граѓани кои седеле во локал во близина а претходно медиумите го споменуваа името на Ѓорѓиевски дека му се заканувал на полицаец во Тетово, затоа што бил легитимиран за време на полицискиот час.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе