Македонија

Атанасов: Учебниците не се најважниот елемент во образованието, децата се

Промени се потребни, имаме слаб образовен модел, имаме потпросечно образование кое дава лош резултат и имаме меѓународна потврда за тоа, вели универзитетскиот професор Петар Атанасов во вечерашната Топ Тема, посветена на регормите во образованието. Според него оваа идеја или концепт на група професори зад која застана Бирото за образование, во јавноста многу тешко поминува, тврди професорот Атанасов.

Имаше презентација, дел од професорите кои го дадоа овој концепт се обидоа да објаснат што е новина, но тешко им оди. Најпрво реагираше стручната јавност затоа што во ова воопшто не се консутирани релевантни факултети и катедри, студиски групи, програми и професори кои со својтата епскертиза имаат што да кажат во тоа. Реагираа од Педагошиот факултет, речиси сите катедри на Филозофскиот факултет, реагираше Природноматематичкиот факултет, што е реткост, МАНУ реагираше. Откако во стручната јавност имаше многу негативни критики за овој концепт, се надоврза и општата јавност, а тоа сме сите ние. Највашжната јавност, што за мене е најважна, барем според моето искуство, наставниците, оние илјадници луѓе кои го спороведуваат образованието, нив очигледно многу маку или воопшто никој не ги прашува ништо. Ова не знам која реформа е по ред во која наставниците речисиси и да не ги консултираат, што и да се случува, вели Атанасов.

Тој тврди дека имало уште еден концепт во периодот кога СДСМ го доби Министерството за образование во 2017 година.

Имаше наставен план и програма за првите три одделенија, исто во кое учествуваа неколку професори од Педагошкиот факултет, од Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет. Првите три одделенија подготвени со план, со наставна пртограма, беше во фаза на јавна растрава и да започне пилотирањето. Јас бев свесен за тоа кога влегов во МОН. Одговорноста да се одбере една идеја или концепт, да се одбрани тој, да се влезе во јавна дебата со сите, и од толку многу зборување, од толку многу самобендисаност и амбициозност, некој го заборави најважниот елемент во нашето образование. Не е точно дека учебниците се најважниот елемент во образованието, децата се, наставниците и нивните родители, тие се трите клучни точки во нашето образование, дециден е Атанасов.

Професорот Атанасов вели дека воопшто нема доверба во Бирото за развој на образованието да спроведе било какви реформи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе