Ковид19

Инфективниот оддел на „Аџибадем Систина“ досега третираше 2.265 пациенти

Во последните 5 месеци во инфективниот интензивен болнички оддел на Клиничката болница „Аџибадем Систина“  биле хоспитализирани 337 пациенти, реализирани 1.489 амбулантски прегледи, а 439 пациенти биле третирани во дневната болница.

Со оглед на фактот дека 70 отсто од хоспитализираните пациенти беа висококритични, со напредната фаза на болеста, со ниска кислородна сатурација под 80% и други придружни заболувања, резултатите од нивниот третман сведочат за исклучително успешен пристап во третманот на ковид-пациенти, со стапка на смртност од 15% и просечен број на денови за хоспитализација од 10 дена. Сите 337 хоспитални пациенти бea на кислородна поддршка, со просечна возраст од 60 години, а просечната возраст на починатите пациенти е 65 години. Важно е да се напомене дека од 53 починати пациенти, 28 биле оздравени од ковид-болеста, а починале од респираторна слабост или кардиоваскуларни компликации.

„Она што би сакале да го истакнеме е и ниската стапка на смртност од 25% кај пациентите коишто беа третирани со асистирана механичка вентилација – инвазивна и неинвазивна (респиратор). Досега на одделот на респиратор беа поставени 92 пациенти, од кои кај 70 пациенти е успешно завршен третманот. Од осум пациенти кои беа приклучени на ЕКМО-машина го спасивме животот на 5 пациенти кај кои шансата за преживување беше минимална“, вели д-р Жарко Христовски, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Инфективниот интензивен болнички оддел на „Аџибадем Систина“ е единствениот приватен инфективен оддел во земјава со најголем капацитет во кој се применуваат најсовремените протоколи за третман на ковид-пациенти на Светската здравствена организација, Здравствената групација „Аџибадем“ и втората најголема групација на болници во светот (IHH). Болницата е пионер и во набавувањето на најсовремена терапија за пациентите, меѓу кои се и лековите Tocilizumab, Remdesivir, Favipiravir и Ivermectin, имуноглобулини, како и антибиотска терапија, витаминска терапија, хепатопротективна терапија…

Одделот располага со капацитет од 51 кревет со систем за кислородна поддршка од кои 2 ЕКМО-места, 38 респираторни места, 1 хемодијализно место и 2 места за ултрадијафилтрација. Дневната болница располага со 4 кревети.

Од април 2020 година лабораторијата на „Аџибадем Систина“ има изведено вкупно 55.660 тестирања за Ковид. Од вкупниот број тестови, изведени се 40.812 PCR-молекуларни тестови чиишто резултати покажале присуство на коронавирусот кај 7841 пациент, односно 24%. Останатиот број направени тестови – 14.182 се однесуваат на брзите антиген тестови и серолошките  IgG/IgM за детекција на антитела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Се враќаат маските за Ковид – задолжително ќе мора да се користат во болници и амбуланти

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе