Вести Македонија

Дождот поплави ниви и живинарска фарма во Пелагонија

Обилните врнежи од дожд и излеаните реки ги поплавија најниските делови од Пелагонија, посебно во пограничните битолски села. Дел од обработливите површини се во вода, а најмногу ги има во атарот на селата  Жабени, Кравари, Егри.

Ние си знаеме какво е местото, јас сум од Жабени. На нивите пониско што се имаа вирови. Мачно е , водата не прашува, водата е голема сила, вели Заим Јакупи на село Жабени

Во село Породин се поплави Живинарската фарама откао се излеа Велушка река, која со години е неисчистена. Водата донесе огромни количини ѓубре и талог, кои звршија  во стопанскиот двор на фармата. Вработените заедно со битолските јавни претпријатија ја испумпаа водата и ја спасија живината.

Вчера околу пладене имаше пообилни врнежи, се излеа реката и тоа ни направи штети. Покрај стопанскиот двор шт се поплави, водата влезе во халите, но живината е во кафези и не се напрвија штети, вели Кире Коштревски, Живинарска фарма „Породин“

Вчера надојдената вода во реката Драгор во Битола, урна дел од брегот кај пумпната станаица на битолски Водовод,  па тука е поставен времен насип, со што надлежните велат сосотјбата е под контрола и будно се следи, за да не се случи водата да го полави овој витален објект.  Од јавното водостопаснко прептријатије велат дека каналската мрежа за која се надлежни e функционлан, но, помагаат за санација на сите критични точки каде има потреба. Какви штети предизвикаа овие врнежи во Битолско, доплнително ќе се проценува.

Емилија Мисирлиевески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 15.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе