Вести Македонија

Д-р Вело Марковски и уште седум други обвинети за шверц на артефакти

Инфектологот Вело Марковски,  и уште седум лица заработија обвинение за незаконски археолошки истражувања и шверц на артефакти за стекнување на личен профит. Марковски кој од неодамна стана  член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ,дел од  артефактите ги чувал во својот стан додека не се најде купувач, по што обвинетите ги шверцувале.. Истрагата која траела повеќе месеци ја водело Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое денеска поднесе обвинени до Кривичен за осуммината.

Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство“. – објави ОЈО за организиран криминал.

Мозокот на групата биле тројца од обвинетите. Подоцна се вклучил Марковски и другите четири лица. Дел од артефактите завршувале во неговиот дом, додека нес е најде купувач.

„Тие меѓусебно разменувале сознанија за позиционираноста на овие локалитети и по нивно пронаоѓање, со неовластена употреба на метал – детектори и сонди, вршеле недозволени пребарувања. Со употреба на погодни алати, недозволено ги ископувале археолошките локалитети и локалитетите што содржат природни реткости, а пронајдените добра под привремена заштита, културни наследства и природни реткости со непроценлива вредност, сопственост на РС Македонија неовластено ги присвојувале “, велат од Обвинителството.

Според обвинението, сите обвинети, тројца како организатори и петмина како припадници на групата сториле кривично дело „Злосторничко здружување“. А во зависност која била нивна улога во групата и какви дејствијата  сториле, се товарат и со пет други кривични дела.

Инаку МВР го приведе Марковски уште во октомври 2018 година за истото дело. Тогаш беше соопштено дека е сузбиена криминална група, а 14- мина заработија крививични пријави.

Криминалистичката истрага се спроведуваше една година, а вчера се извршени претреси на вкупно 16 локации, при што од слобода се лишени 13 лица и од нив привремено се одземени голем број на артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, тефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми и сл.“- рече тогаш Ангеловски.

Тогаш судот му одреди мерка притвор на Вело Марковски. Ја  издржуваше неколку месеци по што излезе на слобода со гаранции.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе