Ковид19 Македонија Најважни

ИЈЗ: Помалку тестови и помал број на новозаразени од 7 до 13 декември

Значително намалување на нови позитивни случаи, од 14,6% во однос на минатата недела. Но, од значително помај број тестови исто така.

Во Извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 7 до 13 декември пишува дека се направени дури 9,2% помалку тестови од минатата недела.

А, регистрирани се 5.518 нови позитивни случаи. Најмногу позитивни тестови се направени кај лицата над 60 години, а значителен е бројот и на оние од возрасната група од 30 до 39 години.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип, Скопје, Свети Николе, Кавадарци, Прилеп и Велес. Инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Дојран, Богданци, Македонски Брод, Радовиш и Крушево – Институт за јавно здравје.

174 смртни случаи од 7 до 13 декември значат намалување од 5,4% во однос на минатата недела – а, починати има од 29 градови. Во меѓувреме, болниците и понатаму се под голем притисок вели министерот за здравство.

Изминатата недела во болнички кревети се лекувани до 1400 пациенти.

Од хоспитализираните, вкупно 1391 пациент според извештајот на ИЈЗ, 591 се пациенти на кислородна поддршка, а 25 се приклучени инванзивно или неинвазивно на респиратор.

Бројот на слободни кревети измината недела е константен. 150 кревети се слободни на територија на целата држава. Може да се случи некој да биде вратен од една болница, но испратен во друга.

„Во еден момент може да е исполнета ГОБ „Осми септември“ и Клиниката за инфективни болести меѓутоа во секој еден момент има слободни болнички кревети на друго место во Скопје. Таа комуникација за препраќање на пациентите се прави со секојдневна и континуирана комуникација во денот помеѓу директорите на јавните здравствени установи. Доколку нема место во една од тие институции, пациентот веднаш се препраќа во друга. Службата во Итната медицинска помош е во тој систем на координација и тие точно знаат – доколку на некое место во Скопје нема слободен болнички кревет, каде да се препрати пациентот во која друга институција“ изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Во оваа недела заразени се 27 бремени жени, со што вкупно досега 355 трудници биле позитивни на корона. 4 бремени жени поради посериозна форма на Ковид се примени во болница, во последните 7 дена.

Во периодот на извештајот се разболеле 247 здравствени работници, со што од почетокот на пандемијата вкупно 2.744 медицински лица се разболеле од Корона.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата заплени 5 “тегли со молитви” и уапси брачна двојка од Велес за измама преку “Библиска Македонија” откако ги пријави струмичката епархија

Дејан Дејан

Секое новороденче во наредните 25 години ќе должи по 6.000 евра по раѓањето – Филипче за договорот со Велика Британија

Дејан Дејан

Пет милијарди фунти на користење за 10 години – анализа на Фајнанс тинк за договорот меѓу Македонија и В. Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе