Ноќните новогодишни прослави нема да има како нови порестриктивни анти-ковид мерки прифатени од владата, но скопските дневни предновогодишни журки ќе може да се протнат во рокот до 18 часот кога кафеаните ќе треба во наредните пет недели да затвораат. Нема прекин ниту на хотелските аранжмани ниту пак во изнајмнувањето на викендици за прослави.
Од владата и комисијата оставаат на одговорност и на свесност на граѓаните дека ќе ги прифатат препораките и одговорно ќе прославуваат само во кругот на семејството без многу мешање иако има многу издадени куќи во туристичките центри каде на неколку соби и апартмани доаѓа по еден тоалет или иста тераса. Бидете во кругот на семејството, каде и да сте- во хотелска соба, дома или во викендица, порача премиерот кој дополнително објасни зошто 18 часот е терминот за затворање на угостителските објекти.
За да не слават претерано за наредните слави, Водици, Божик и Нова Година, премиерот ги повика функционерите да слават согласно мерките, а не да даваат лош пример на граѓаните.
Владата ги усвои мерките и повика на почитување, а премиерот потврди дека Србија се повлекува од балканскиот мемомрандум за отворени граници и дека тоа е барање и на западно европските земји кои носат многу порестриктивни мерки од Македонија. Новите мерки се за да се одржи стабилната состојба иако болеста е проширена, но сега епидемијата покажува позитивни параметри.
Вакцините ќе стигнат во март, се подготвува логистиката, а премиерот најави дека самиот како пример ќе се вакцинира.
Надлежните кои ги претставија новите мерки кои ќе траат до 20-ти јануари, повикаа граѓаните да се воздржат од непотребни активности за да се помогне на здравствениот сектор во одржување на стабилноста во која според нив сега е влезена епидемијата.
Миомир Серафиновиќ