Вести Македонија

Осуден убиец по 12 години бегство уапсен во центарот на Тетово – уште тројца бегалци со долгогодишни пресуди се фатени во последното деноноќие

МВР соопшти дека за помалку од 24 часа се приведени четворица криминалци барани со потерници и со пресуди за вкупни затворски казни од 41 година.

Најголема пресуда има 39-годишен скопјанец кој за повеќе кривични дела имал пресуди за 19 години затвор, а бил приведен во близина на граничниот премин Табановце. Најдолго бегал 43-годишен тетовец кој бил осуден за убиство на 6 години и 5 месеци по што меѓународна потерница била распишана уште во 2008-ма година. Бил откриен и фатен вчера попладне.

Утрово околу 3 часот, во близина на Табановце покрај границата е фатен 39-годишниот М.З. По него имало распишана меѓународна потерница за издржување на затворска казна од вкупна должина од 19 години. Осуденикот извршил повеќе кривични дела, а е фатен во рамки на оперативната акција Бегалец. Од МВР не соопштија дали бегалецот сакал да избега од државата или живеел во реонот каде е фатен.

Во Скопје, денеска рано утрово е приведен 28-годишен осуденик кој уште лани добил два упатни акти за издржување на затворска казна. По избеганиот скопјанец биле распишани две центрачни (домашни) потерници и и една меѓународна потерница. Скопјанецот бил осуден на 8 години затвор за криумчарење мигранти меѓу кои и за малолетни деца, поради што ја добил оваа висока затворска казна. Истрагата го поврзала со автомобилот со кој биле пренесувани мигрантите преку лименка Ред бул на која се најдени траги со ДНК профил на осудениот. Осудениот негирал дека е поврзан и барал Врховниот суд да ја преиспита одлуката, но таа негова претставка била отфрлена по што во сила останале поканите за издржување на затворска казна. 28-годишниот исто така има казна затвор за нелегална трговија со наркотици.

Во центарот на Тетово вчера попладне на улицата која му е заведена како домашна, (Страшо Пинџур во центарот на градот) е уапсен 43-годишен тетовец кој веќе 12 години се наоѓал во бегство и покрај распишани потерници по него. На овој бегалец, тетовскиот суд му изрекол 6 години и 5 месеци затвор за извршено убиство. Тој успешно се криел и бегал пред правосудните органи повеќе од 12 години.

Во родното место, по исто така 12-годишно криење бил и 47-годишен жител на Требош. Осуден на 6 години затвор, а двојно повеќе време избегнувал да оди зад решетки, требошанецот бил осуден за кривично дело трговија со луѓе односно дека на странски државјанки им ги уништил личните документи и пасоши, а жените работеле без дозвола и без можност да заминат од Македонија. Бил осуден во 2008-ма и оттогаш е во бегство, се до пронаоѓањето вчера претпладне во родниот крај.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коцевски: Истрагата за Кочани треба да заврши за 10-тина дена, распрашани се над 300 лица

Дејан Дејан

Давале терапија која им ја влошувала состојбата на пациентите болни од канцер – детали за обвиненијата против директорите и лекарите од клиниката за Онкологија

Дејан Дејан

Одземена документација, мобилни телефони, воздушна пушка без дозвола – МВР со претреси на осум локации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе