Ковид19 Македонија

Две возила за итна медицинска помош- донација од Комерцијална банка

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, денеска присуствуваа на настан по повод донација за поддршка на македонското јавно здравство во справувањето со КОВИД-19 вирусот. Станува збор за донација од две возила за Службата за итна медицинска помош, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за коронавирус од Комерцијална банка. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 336.600 евра.

Во изјава за медиумите, министерот Филипче се заблагодари за донацијата од Комерцијална банка и истакна дека оваа компанија беше една од првите компании кои му помогнаа на Министерството за здравство.

„Комерцијална банка е една од првите компании кои му помогнаа на Министерството за здравство од почетокот на кризата, и за време на целата криза останаа со нас. Со донации во вредност близу 35 милиони денари помогнаа таму кадешто беше најмногу потребно, во делот на лична заштитна опрема, опрема за болниците во одделенијата каде се лекуваат пациентите заболени од ковид-19, во делот на лабораториите со тестови, со што значајно се надгради капацитетот и за тестирање и за пристап и квалитет за лекување на нашите пациенти. Ова е една исклучително значајна донација од две амбулантни возила. Едното возило е наменето за Здравствен Дом Скопје, а второто за Општата болница во Охрид. Со оваа донација значително ќе се олесни транспортот на пациенти. Голема благодарност до компанијата, ова е нешто што навистина многу ни значи, нешто што значајно го подигна нашиот капацитет во справувањето со кризата“, потенцираше Филипче.

Годинава, ова е петта по ред донација на Комерцијална банка за потребите на јавното здравство.

„Во борбата со пандемијата сме исправени сите и сите во рамките на своите можности треба да придонесеме за полесно справување со пандемијата. Развојот на настаните ни покажува дека за жал вирусот Covid-19 и натаму претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, кој ги исцрпува медицинските ресурси и силите на здравствените работници. Со најновата донација Комерцијална банка прави нов исчекор и уште еднаш дава значајна поддршка на општеството во овие исклучителни мигови за нашата земја и за граѓаните. Нашата цел е како банка во соработка со Министерството за здравство да им помогнеме на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот“, изјави главниот финансов директор д-р Маја Стевкова Штериева.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коцевски: Истрагата за Кочани треба да заврши за 10-тина дена, распрашани се над 300 лица

Дејан Дејан

Давале терапија која им ја влошувала состојбата на пациентите болни од канцер – детали за обвиненијата против директорите и лекарите од клиниката за Онкологија

Дејан Дејан

Одземена документација, мобилни телефони, воздушна пушка без дозвола – МВР со претреси на осум локации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе