Христијан Мицкоски ќе учествува на лидерска средба само доколку е свикана од премиерот Заев, интерпелација нема да има за целата Влада туку само за вицепремиерот Никола Димиторв, а бојкот или напуштање на парламентот не доаѓа предвид бидејќи тогаш власта би ги истуркала и изгласала измените во Деловникот со кои ќе се овозможи он лајн гласање како и законот со кој би се легализирал канабисот.
Првите сто дена на Владата, Мицкоски ги опиша како исполнети со криминал и порази како внатрешни така и на надворешен план.
Лидерска средба на која би се пеглале разликите барем во однос на прашањето со бугарското вето ќе има само доколку ја свика премиерот Заев. Доколку поканата дојде од Вила Водно, опозицијата нема да учествува.
Интерпелација на Влдата како што беше најавено нема да има. Првиот чекор за „рушење на власта“ кој го најави Мицкоски е интепрелација за вицепремиерот Никола Димитров.
Мицкоски ги отфрли обвинувањата на власта дека тој е една од причините за неуспехот во преговорите со Бугарија и го обвини Заев дека тргува со идентитетот и затоа ја крие содржината на нон пејперот кој специјалниот претставник Владо Бучковскиму го даде на бугарскиот премиер Борисов.
Мицкоски обвини дека изборите за градоначалник во Штип биле полни со нерегуларности и поткуп на гласачи и ги повика полицијата и обвинителството да реагираат.
Огнен Чанчаревиќ