Вести Македонија

Победата на новиот штипски градоначалник прославена со оро, и покрај пандемијата

Штип и Пласница имаат градоначалници во првиот изборен круг.Со оро и блех музика на плоштадот Слобода се прослави победата на новиот градоначалник на Штип, Сашко Николов од редовите на СДСМ. Според државната изборна комисија гласале 14.528 граѓани, од кои 80,31 % за Николов, а за Симон Поликарп од Интегра 8,25 % од граѓаните кои го искористиле правото на глас.  Николов, заедно со Заев, Николовски и Бочварски победата ја прогласија два часа по затварањето на гласачките места.

За разлика од Штип, каде што цензусот за прогласување на успешни избори се исполни на половина час пред затварањето на гласачките места, во општина Пласница една третина од гласачкото тело излезе до попладневните часови. Таму нов градоначалник е братот на претходниот, Али Јаоски. Според податоците на Државната изборна комисија,  Јаоски добил 1. 696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231.Јаоски најави дека ќе биде градоначалник на сите и оти функцијата ќе ја извршува чесно.

Во претстојните десет месеци ќе ја продолжам реализацијата на проектите во општината во која е направено многу, а јас тоа ќе го продолжам, изјави Јаоски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа во објава на Фејсбук ја објави победата на нивниот кандидат. Порача дека оваа победа е потврда на волјата на граѓаните за поддршка на нивните правилни политики за сите граѓани.

Според Општинските изборни комисии инциденти немало, изборите поминаа во мирна и демокртаска атмосфера, а полицијата и обвинителството го забележуваат случајот со двајцата штипјани на возраст од 72 и 67 години, кои гласале на избирачкото место и покрај тоа што на списокот за изолација од Ковид 19 се од 12 декември.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое новороденче во наредните 25 години ќе должи по 6.000 евра по раѓањето – Филипче за договорот со Велика Британија

Дејан Дејан

Пет милијарди фунти на користење за 10 години – анализа на Фајнанс тинк за договорот меѓу Македонија и В. Британија

Дејан Дејан

Примените и потрошените лекови за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција – ревизорски извештај за Хематологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе