Вести Македонија Најважни

Заев: Македонија не е виновна за бугарското вето

Македонија не е виновна за Бугарското вето. Ќе ги продолжиме преговорите,  а ние знаеме а знаат и тие  дека решенија се можни – уверен е премиерот Заев и покрај острите реакции од официјална Софија. И во отчетот за сработеното во изминатите 100 дена од новата влада доминираа отворените прашања со Бугаријата. На нив владините министри биле најпосветени и во изминатите три и пол месеци. Премиерот рече дека ветото од Бугарија е неправедно. Вети дека и покрај се нема да има застој во реформите – Европа ќе ја донесеме дома – порача Заев.

Ни оваа влада, ни нашата држава, ни нашиот народ немаат  најмала вина за оваа ситуација. Македонскиот  национален идентитет не може да биде предмет на преговори и ние не можеме да се откажеме од нашето право на самоопределување гарантирано од сите меѓународни институции и конвенции. Се надеваме дека оваа штета на евроинтеграцијата ќе се надмести бргу. Владата нема да дозволи блокадата да предизвика застој на внатрешните реформи, напротив ќе го засили темпото, останувајќи целосно посветена на преговорите со Бугарија. Ние знаеме дека решенија се можни, знаат и тие – рече Заев.

Заев тврди дека во нон-пејперот кој што специјалниот претставник Бучковски го доставил до официјална Софија, биле веќе изградените позиции кои двете земји ги разменувале како идеи за решавање на отворените прашања. Вели во документот било појаснето користењето на придавката на името, непостоењето на територијани претензии од наша страна и за не мешање во внатрешните работи на соседот.

И вицепремиерот Груби уверува дека не се преговара за јазикот и идентитетот.

Во својство на највисок претставник на албанската заедница во нашата Влада, би сакал да дадам целосна поддршка до македонската заедница во заедничките напори да ги започнеме преговорите за членство во Европската унија и да повторам и уверам дека во ниту еден момент со нашиот сосед не се разговара за јазично идентитетски прашања и затоа нема воопшто простор за било какво стравување. рече вицепремиерот Артан Груби.

Во презентацијата на сработено за изминатите три и пол месеци, која траеше повеќе од два часа, премиерот и министрите беа категорични дека ги исполниле главните приоритети кои што ги ветиле пред граѓаните. Успешно справување со здравствената и економска криза, ефикасна правна држава и институции, влез во Нато, но и силна волја за успешен почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Заев рече дека до крајот на годината ќе се одржи лидерска средба, на која инсистираше лидерот на опозицијата Мицкоски. Рече дека е подготвен да разговара  за евроинтеграциите, ковид-кризата, но и други прашања од интерес на граѓаните. Ако не ја свика претседателот Пендаровски, рече таа ќе се одржи на негова иницијатива.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Околу 90 камиони со помош влегле во Газа во последните 12 часа

Дејан Дејан

Пукал за Газа – осомничениот за убиството во Вашингтон го призна делото

Дејан Дејан

Се урна зграда во Ираклион, издадено предупредување за цунами – силен земјотрес во морето кај Крит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе