Комисијата за одбрана смета дека е неопходно да се продолжи кризната состојба во државата до 30 јуни 2021.Предлог одлуката ќе се проследи до Собранието. Не беше прифатено барањето на една партија кризната состојба да се продолжи до 31 март. Тие сметаат дека треба да се сноси поголема одговорност поради состојбата со пандемијата, големиот број смртни случаи и можноста од евентуални злоупотреби кои ќе произлезат со продолжувањето на кризната состојба.
Друга партија пак побара да се изгови нов закон за вонредна или воена состојба, затоа што законската регулатиива била недоволна, како и да се реформира системот на управување со кризи. ,,Оваа кризна состојба во овој период од месец дена дава ефекти.
Дали тие ефекти се доволни или не, тоа е веќе прашање на дисксусија. Ако погледнете не само во нашата државата, туку во регионот, Европа и светот, период во кој се подготвувавме за ковид кризата имавме многу помали бројки и затоа ние говоревме, пред се експертите во Комисијата за заразни болести укажуваа дека ќе дојде вториот бран, што ќе биде многу полош и за жал тоа ни се случува, но и на целиот свет,, велат надлежните институции според кои приватни ресурси во овој момент не се искористени од ниту еден приватен правен субјект.
Целта на одлуката за продолжување на кризната состојба е поефикасно справување со пандемијата и целосна заштита на здравјето на граѓаните.Армијата се става на располагање со сите свои ресурси.Кризната состојба и дава можност на Владата да управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија, на општините, на градот Скопје, трговските друштва и приватните здраствени установи.Инаку пракса за прогласување на кризна состојба на 6 месеци од страна на Собранието имаше за јужната граница на земјата поради мигрантската криза и зголемениот нелегален транзит на мигранти преку границата.
Јулијана Пешевска