Македонија Топ вести

Топењето бакарни кабли за откуп го зголемува загадувањето на воздухот

Загаденоста на воздухот дополнително ја зголемува палењето бакарни кабли за продажба на бакарот на лиценцираните отпади, се жалат од Инспекторатот на Град Скопје. Од таму очекуваат законски измени за да се спречи оваа појава во текот на студените есенски и зимски денови кога загадувањето и онака е зголемено. Со измените , во решавањето на проглемот очекуваат помош од МВР и МТСП, за санкционирање и ресоцијализација на сторителите. 

Загаденоста на воздухот предизвикана од  големите индустриски капацитети, помалите економски оператори, домаќинствата и сообраќајот, дополнително расте  деновиве, од дивите огнови на отворено , се жалат од Инспекторатот на Град Скопје. Од таму синоќа на социјалните мрежи лиферуваа видео, на кое, како што посочија , се гледа намерно распламтен оган во близина на текето, во населбата Топанско поле. Пожарната го изгаснала, но сторителите избегале додека да пристигнат инспекторите. Од како почна грејната сезона, во 90% од случаите на згариштата се откриваат остатоци од бакарни кабли. Користејќи како енергенси гуми и друг отпад, сторителите палат бакарни кабли, за потоа да го продадат бакарот, велат од Инспекторатот.

  • На крај да истргуваат, да го продадат бакарот во некој од отпадите , што е скандалозно. При тоа горење се ослободуваат толку ПМ честички во воздухот. Несвесни се. За неколку килограми бакар , за да стигнат до некој денар , какво зло прават по здравјето на граѓаните – Горан Трајчевски- Инспекторат на Град Скопје.

И граѓаните на Фејсбук лиферуваа фотографии од шести овој месец, на кои се гледаат намерно запалени огнови. Такви критични точки има на Вардариште, под Калето, на кејот, кај мостот Близнак, во Маџари и Лисиче, каде пред два дена бил спречен поголем пожар. Некои од жителите на Горно Лисиче знаат за дивите огнови кои им го загадуваат воздухот.

  • Попладне е загаден. Еве јас со што живеам (покажува пумпичка).Тоа е од загаденост. Не можам да дишам. А, палат. Ако сте биле кај „ Хемтекс“, преку пругата на патот за Пинтија, тоа ѓубре таму го палат.
  • Многу ми пречи на асмата, за дишење е многу тешко. Не сум забележала некој да пали кабли , но многу пречи. Од навечер и сабајле до ова време во денот.
  • Многу смрди. Посебно, сношти дојдов до самопослуга, многу смрдеше, ептем многу!, велат граѓаните.

На загаден воздух и огнови на отворено се жалат и во Маџари и Петровец.

  • Катастрофа! На кај Вардар се палат бакарни кабли . Горе каде што се чуваат кучињата.
  • Не само Маџари , туку цела Автокоманда , загадено е навистина многу. Повеќе седиме дома затворени. Кога ќе почувствуваме чист воздух, отвораме прозорци за да се проветри.
  • Од Петровец сум. И кај нас се чувствува . Се чувствува претежно навечер – велат граѓаните..

Инспекторитѕе вечлат се немоќни пред сторителите зашто можат само парично да ги казнат, но тоа тешко се процесуира зашто се работи за социјално загрозена категорија граѓани без лични документи .

  • Првите измени да настанат , точно да се знае кој материјал и од кого можат да го откупуваат лиценцираните отпади на територијата на Скопје, односно во РМ. Кога откупувачот на тие материјали ќе дојде до тој материјал , од сомнително потекло, да ја алармира полицијата, да побара документи. Тука некаде да го пресечеме тој ланец – Горан Трајчевски- Инспекторат на Град скопје.

А градоначалникот Шилегов, проблемот со загадувањето ќе го решава со автобуско мето што ќе се гради од идната година, како и со социјални пакети за граѓаните за парно греење во домовите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе