Македонија

Починатите од ковид ќе можат да се погребуваат и во семејните гробници во Тетово

Починатите од Ковид 19 од Тетово досега се погребуваа само на православните гробишта во село Фалише. Наместо во семејната гробница на градските гробишта, семејствата беа принудени закопот на своите блиски да го извршат во ново гробно место. Таква одлука не е донесена ниту од локалната, ниту од централната власт, туку според проценки на Јавното комунално претпријатие и оператори кои вршат погребални услуги.

По реакции и дописи од граѓаните, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, оствари средба со претставници на сите засегнати институции, по што истакна дека отсега закопот на починато лице од ковид ќе може да се изврши по избор на семејството.

Сотировски добил исти реакции и од граѓаните на Гостивар. Иако на денешната средба немало претставник од гостиварското комунално претпријатие, тој смета дека и таму ќе се надминат постоечките состојби.

Инаку, од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, пак, велат дека погреби на лица починати од ковид 19 се извршувале и во семејните гробници на православните гробишта, според донесените протоколи.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе