Македонија

Граѓаните поделени околу трошењето пари за новогодишно украсување на Скопје

Ќе се украсува ли главниот град за новогодишните и божиќните празници, откако Град Скопје отвори тендер кон крајот на септември, вреден 200 илјади евра без вклучен ДДВ, за изработка и реализација на проект за декорирање на плоштади, улици и булевари?  За, тендерот кој е завршен, сеуште нема информации на е-страница за Јавни набавки. А, овој потег на Град Скопје наиде на поделени реакции во јавноста поради економската криза, наметната од пандемијата со коронавирусот.

Анкета:

  • Мислам дека не треба. Ем голема немаштија, лугето немаат пари за леб, а не пак за украси и за ред други работи. А, башка што е пандемијава. Страшно, вели една жена.
  • Скромно , да! Скромно треба , мислам дека ќе донесе малку радост кај децата , кај жителите на градот . Малку треба да се украси. Не да биде премногу, меѓутоа да се одбележи, вели еден маж.
  • Нема потреба од тоа . Може на попаметни работи да се дадат пари, како на пример за сретства за дезинфекција, маски , за скафандери и опрема за болниците, вели едно момче.
  • Да. За да биде поубав градот , вели еден млад пар.

Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, преку писмено сооштение реагираат дека трошењето 200 илјади евра за новогодишни декорации претставува расипништво и забеганост и бараат истите да се пренаменат за помош од корона кризата.

Апсурдо е да се трошат 200 илјади евра на украси, а дечињата кои следат онлајн наставада немаат компјутери. Апсурдно е да нема кревети во скопските болници , а Шилегов да тера лични забави за украсување. Забегано е да се трошат пари за светилки, а да немаат болниците возила за брза помош. Без новогодишни украси може, но без функционално здравство и образование, не, велат од советничакта група на вмро-дпмне.

Од Град Скопје со одоговор дека опозициската советничка група доцни со реакцијата и дека тоа можела да го стори пред да се усвои ребалансот на градскиот буџет. Од таму велат дека размислуваат сретствата наменети за новогодишни уксари да ги пренаменат или воошто да не ги користат за таа цел, но дека официјално со став пред јавноста ќе излезат за ден или два.

Град Скопје не е единствен кој излезе со ваков тендер. На почетокот на ноември Оштина Охрид објави тендер од 20600 евра , за изнајмување и монтажа на опрема за новогодишно украсување. А, тендер објави и општина Радовиш, но на страницата за Јавни набавки не е објавена сумата. Најавите од светските метрополи одат во прилог на задржување на новогодишното украсување, но поради пандемијата, за да нема групирања, културните настани и прослави се откажуваат.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе