Државата ќе ги покрие трошоците за лекување од Ковид-19 на македонските граѓани во Србија и Албанија и обратно. Со потпишувањето на меморандумот трите држави се обврзаа дека ќе им овозможат здраствена заштита на сите оние на кои им е потребно болничко лекување. Се отвораат и зелени коридори. Ќе може да се патува без ПЦР тестови со цел да се зајане економијата и да се ублажат последиците од пандемијата.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави зголемена соработка на експертски и медицински тимови.
Албанскиот премиер Еди Рама побара поголема подршка од ЕУ на утрешниот Софиски самит.
Премиерот Заев очекува позитивен сигнал од самитот за европскиот пат на сите 6 земји од Западен Балкан.
Со потпишувањето на меморандумот изразена е надеж дека кон иницијативата наскоро ќе се приклучат Црна Гора и БИХ.
Јулијана Пешевска