Свештеник со нигерско потекло, лекар, музичар, рударски инжињер и полицаец влегуваат во трката за избор на градоначалник на Општина Штип со мандат од 10 месеци.
Четворица се подржани од политички партии, а еден е независен кандидат.
ВМРО ДПМНЕ нема да учествуваат на изборите, одлуката ја донесоа вчера на Извршниот комитет со образложение дека здравјето на граѓаните им е пред се. Најголемо изненадување е Симон Поликарп со африканско потекло, кој долги години живее и работи во Штип, а на штипјани и македонската јавност им е познат како Џими.
Кампањата низ штипските населби стартува на 23 ноември, првиот изборен круг е на 13 декември, а вториот е на три дена пред Нова година на 27 декември.
Гласањето ќе се спроведе по здравствените протоколи, кои се применија за предвремените Парламентарни избори.
Викторија Јованова