Македонија

Нова жртва на Ковид – 19, почина д-р Владимир Евтимовски

Ковид 19 зеде уште една жртва од лекарската фела. На 50-годишна возраст почина д-р Владимир Евтимовски, радиолог во Клиничката болница во Тетово. Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден. Состојбата нагло му се влошила по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а денес починал.  Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет.

Доктор Евтимоски речиси 20 години бил дел од јавното здравство. Колегите за него имаат само пофални зборови. Бил одличен лекар, одговорен и совесен. Добар и друштвен колега. Сопруг и татко на две деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе