Полициски час, карантин, затворање на училишта или на други стопански субјекти засега нема. Ова е денешниот заклучок на комисијата за заразни болести која предводена од министерот за здравство Венко Филипче им порачаа на граѓаните да носат маски и да не се групираат повеќе од 4-ца на отворено, а ако немаат потреба нека седат дома.
Оваа формула од мерки ги давала резултатите ќе заклучи, пак, премиерот Зоран заев. Тој е против карантин, но ќе прифати таков предлог ако комисијата побара од владата. Дали економијата добива предимство пред здравствениот систем, Заев на новинарско прашање ќе одговори дека ситуациајта е стабилна, а полицијата неместо да гони прекршители на полициски час може да биде корисна за други намени.
Од друга страна, пак, Заев побара,а претседателот Пендаровски даде потпис, владата да може да располага со армијата. Граѓаните да не стравуваат, ќе ја гледаат пред болниците, а целтта е да помага во воспоставување ред.
Граѓаните немаат можност по 21 часот да се групираат на отворено, и да седат во угостителски објетки, но затоа трговските центри остануваат отворени за движње. Косово и Грција од регионот први се определија за ограничување на движењето на граѓаните, по примерот на повеќето до западно европските земји во кој паднемијата зема замав со пораст на бројот на заразени граѓани.
Павле Беловски