Пет групи во изолација и четворица вработени позитивни на КОВИД – 19 од отворањето на градинките. Ваква е статистиката во струмичката градинка за два месеца функционирање.
Управата на градинката Детска радост смета дека состојбата е под контрола затоа што строго се придржуваат до мерките за заштита од вирусот КОВИД – 19.
Бубев вели дека капацитетот на градинката е исполнет според препорачаните протоколи, а доколку некое дете остане на чување во домашни услови, се прима друго дете. Во моментов во градинката се запишани околу 500 деца.
Засега е стабилна состојбата и во струмичките основни училишта, каде не е забележан пренос на вирусот помеѓу учениците или вработените во училиштата.
Сузана Мицева