Македонија Топ вести

Обвинение за кајакарските платформи на Матка

Обвинителството најде кривично дело узурпација на недвижности за двајца жители на Глумово кои граделе платформи за кајаци на Матка која е споменик на природата. Двајца се обвинети со обвинителен предлог затоа што наместо да ги почитуваат заштитните мерки предвидени за Матка тие изградиле привремени објекти со вкупна површина од 236 квадратни метри.

Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум  со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик на природата. Имено, на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2, се вели во соопштението на ојо.

Вториот осомничен кој е во сродство со првиот пак зазел многу поголем простор и на пет катастарски парцели на езерскиот брег, поставил дрвена платформа со метална конструкција и врз платформата изградил и објект од 187 м2. Двајцата се обвинети за дело кое предвидува парична казна или затворска казна до 3 години. Платформите на Матка станаа проблем откако лани јавноста и туристите ја проширија веста за градежниот упад во природната убавина. Дури тогаш почнаа да реагираат надлежните институции, а имаше и барање за легализација на дивоградба во општина Сарај. Антикорупциска поднесе и кривична пријава против градоначалникот на Сарај Блерим Беџети за легализацијата, но обвинителството ја отфрли. Во актуелната истрага обвинителството не најде дело бесправно градење, но не најде ниту обвинети во општинските и државните органи кои не преземаа мерки против платформите во заштитеното подрачје. Скопскиот градоначалник гледа решение во градска централизација на општинските обврски против дивоградбите и узурпирањето.

Платформите на Матка во мај беа и сцена кога различни групи кои возеа туристички обиколки со чамци низ езерото се судрија, а групата од Глумово користеше и сигнален пиштол. Пиштолот бил употребен кога полицаец се обидел да ја смири ситуација. 6-мина беа осомничени за насилство.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Путин: Русија има доволно ресурси да го доведе конфликтот во Украина до „логичен“ крај

Дејан Дејан

Возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе